Сијарто предупредува на притисокот од мигрантите и бара НАТО да ја гарантира безбедноста на Европа

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто оцени дека притисокот од мигрантите на јужната и југоисточната граница на Европа претставува безбедносен ризик и оти НАТО треба да се справи со тие предизвици.

– НАТО мора ефикасно да се справи со предизвиците кои доаѓаат од југот и да се спротивстави на тероризмот и миграцијата доколку е гарант на европската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи за време на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи од НАТО во Рига.

Тој предупреди дека „уште поголеми маси бегалци може да се појават на јужната граница на Унгарија” кои доаѓаат преку Западен Балкан.

Сијарто посочи дека мора да се развијат способности во земјите од јужна Европа за поефикасно решавање на безбедносните предизвици и истакна дека Унгарија ги поддржала напорите на Јордан, Либан, Тунис и Египет за зајакнување на нивните државни структури во борбата против тероризмот.

– Тероризмот предизвикува бранови на миграција, а миграцијата ја зголемува можноста за извршување терористички напади бидејќи терористите лесно можат да се сокријат меѓу бегалците и да стигнат до оддалечените делови на светот. Мора да го избегнеме тоа сценарио во Европа, изјави Сијарто.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот