Сијарто: Очекуваме исклучително голем прилив од над 100.000 мигранти

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто денеска во Белград изјави дека во наредната недела и седмиците што следуваат „сосема јасно може да се смета на исклучително голем прилив од над 100.000 мигранти”.

– Унгарија ќе ги брани своите граници и во нашата држава нема да пуштиме ниту еден илегален мигрант. Се надевам дека ќе соработуваме со Србија за да ги одбраниме нашите две земји, рече Сијарто и изрази загриженост за случувањата во Сирија, Турција и на турско-грчката граница.

По средбата со српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, Сијарто нагласи дека Србија е подготвена да отвори пет поглавја и ја повика Хрватска да направи сé со цел да се отворат поглавјата за време на нејзиното претседателство со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот