Сиетл се враќа во НБА лигата?
Најсилната кошаркарска лига на светот размислува за проширување, а како прв кандидат да го пополни новото место е Сиетл.
Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан, веќе разговарала со првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер, за можноста градот повторно да има свој претставник во најсилната кошаркарска лига на светот.
– За Сиетл се добри вестите дека НБА размислува за проширување на лигата. Бев искрена во разговорот со Силвер, тој знае дека нашиот град сака да биде прв на листата. Ќе се вратиме таму каде што требаше одамна да бидеме, но ќе би почитуваме нивните одлуки – изјави Дуркан.
Како што пренесува ЕСПН, НБА лигата сериозно размислува за проширување но не во скоро време, односно не пред 2023 година иако на сите им е јасно дека на лигата и е потребно што побрзо да се санираат последиците од пандемијата на коронавирусот.
Доколку Сиетл сака да се врати во НБА лигата и добие зелено светло за такво нешто, ќе мора да плати 2.5 милијарди долари за лиценца, сума со која би се отплатил кредитот на лигата од 12. милијарди долари кои подоцна се зголеми за дополнителни 900 милиони долари.
Сиетл дури 41 година имаше свој тим, тоа беа суперсоникс кои се формирани 1967 година. Во 2008 година поради несогласувања со гладските власти околу изградбата на нова Арена, сопствениците го преместија клубот во Оклахома сити.
Time for the Seattle Supersonics to make that big return to the NBA via expansion ? pic.twitter.com/yWx2c1wgsL
— ClutchPoints NBA (@ClutchPointsNBA) January 6, 2021