Сиднеј ги заострува мерките поради ширење на коронавирусот

Сиднеј

Властите во Сиднеј апелираа до граѓаните да не одат на распродажбите од 1 јануари, додека некои северни предградија се на чекор од воведување строги мерки на само три дена пред истекот на утрешниот рок за претходно воведениот сет ограничувања.

Во државата Нов Јужен Велс откриени се девет новозаразени лица, од кои осум се од северните предградија, каде се потврдени вкупно 116 пациенти.

– Нашата стратегија е да го потиснеме вирусот во најкус можен рок – изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан и ги охрабри своите сограѓани да се преориентираат на купување преку интернет за време на распродажбата од 1 јануари.

Жителите на Мелбурн, главниот град на државата Викторија, излегоа од рестриктивниот режим по 111 дена вонредни мерки воведени претходно годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот