Сицилија плаќа половина авионски билет и ноќевање само за да летувате таму

epa08361179 The lakefront deserted due to traffic restrictions imposed due to the emergence of the coronavirus in Bellagio, Lake Como, Italy, 13 December 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Поради сегашната состојба со коронавирусот, не е сигурно дали сите туристички дестинации ќе ги угостат туристите годинава. Меѓутоа, оние кои, сепак, се одлучиле на тоа, во голема мера почнуваат кампањи и организираат туристички аранжмани, притоа не штедејќи пари, пишуваат медиумите.

Кефалу / Сицилија / Фото: Unsplash

Планови за привлекување на туристите

Пример за тоа е Сицилија, која има јасен план како да ги привлече туристите. Регионалната влада одлучила да ги сноси трошоците за половина од цената на авионскиот билет, една од три ноќи во хотелот, како и да подари билети за музеи и археолошки наоѓалишта, пренесува Дејли мејл.

Скопело, Сицилија, Италија / Фото: Unsplash

Буџетот од 50 милиони евра би требало да ги подмири трошоците откако индустријата изгуби околу милијарда евра во март и во април поради коронавирусот.

Ваучерите за летување би требало да бидат достапни на веб-страницата на туристичката организација на островот.

Сицилија, Италија

Во Италија, 13 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) доаѓаат од туризмот, па и покрај тоа што е најголемото жариште на коронавирусот во Европа, планира да ги покрене сите сектори на 4 мај, кога е предвидено олеснувањето на мерките.

Кефалу, Таормина, Сицилија / Италија / Фото: Unsplash

Туристичките организации во голема мера смислуваат начини како да направат социјална дистанца на плажите.

Расте бројот на смртни случаи, опаѓа на новозаразени

Иако бројот на смртни случаи во Италија повторно се зголемува, бројот на новозаразени лица се намалува. Дури 40 отсто од овие нови случаи се забележани во Ломбардија, каде што беше пријавен првиот случај пред повеќе од два месеца.

Остров Изола Бела во регионот Таормина, Сицилија / Италија /

Единицата за цивилна заштита објави нови податоци за тестирањата на антителата и соопшти дека досега во Италија биле тестирани повеќе од еден милион граѓани од вкупното население кое брои 60 милиони. Претходно, во оваа бројка влегуваа само тестовите за брисови, што е многу поголема бројка, бидејќи тие се прават два или трипати.

Кастелмола, Сицилија, Италија / Фото: Unsplash

Ломбардија, која е епицентар на вирусот, почна програма за тестирање антитела и се подготвува да ја придвижи економијата по застојот од неколку недели. Освен оваа програма, почнаа да се спроведуваат и серолошки тестови, кои подразбираат тестирање примероци од крвта и ќе се направат во 14-те најтешко погодени области во Ломбардија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот