Сицилија прогласи шестмесечна вонредна состојба поради пожарите

фото ЕПА

Регионалната Влада на Сицилија прогласи вонредна и кризна состојба  во траење од шест месеци поради пожарите што беснеат на островот од крајот на јули, јави ДПА.

Регионалниот претседател Нело Мусумечи во објава на Фејсбук објасни дека невообичаено високите температури и абнормалните временски услови ќе продолжат да претставуваат ризик во наредните недели.

Во меѓувреме, на Сардинија, противпожарната бригада во провинцијата Ористано соопшти дека утрово избил пожар во туристичките населби, при што пожарникарите спречиле пламенот да се прошири на блиската вегетација. Нема информации за жртви.

Ористано, на западниот брег на медитеранскиот остров, неодамна се соочи со големи шумски пожари, во кои е предизвикана голема штета.

Невообичаено високите температури од над 40 Целзиусови степени предизвикуваат суша во целиот јужен дел на Италија, што ги засилува пожарите.  Се смета дека многу од нив се намерно подметнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот