Си замина клучниот човек во партијата на Ердоган

Али Бабачан, едниот од неколкуте клучни луѓе во партијата за правда и развој на претседателот Ердоган, одлучил да ја напушти партијата.

Ваквата одлука поранешноот заменик на турскиот премиер Бабачан, ја донел поради несогласувања околу принципите, вредностите и партиските идеи.

Светските агенции пренесуваат дека тој планира да формира партија заедно со поранешниот претседател Абдула Ѓул, но и со други кои не биле задоволни од владеењето на Ердоган.

Бабачан во минатото беше министер за економија и за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот