Си: Северна Кореја се движи во вистинска насока

фото EPA-EFE/PARKER SONG /

Претседателот на Кина, Си Џинпинг за севернокорејскиот весник „Родонг шинмун” изјави дека Северна Кореја се движи во „вистинска насока” во решавањето на политичките прашања на Корејскиот Полуостров.

Си во интервјуто за „Родонг шинмун” не ги спомнува преговорите за нуклеарното оружје Вашингтон и Пјонгјанг. Но, експертите наведуваат дека Си на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ќе ги поддржи напорите на Северна Кореја која се повикува на постепено разоружување.

Си наведе дека неговата посета на Пјонгјанг ќе ја зајакне стратешката комуникација и размената помеѓу двете пријателски земји.

– Кина ќе придонесе за мирот, стабилноста, развојот и просперитетот на регионот со интензивирање на комуникациите со Северна Кореја. Кина, исто така ќе соработува со другите заинтересирани страни, така што заеднички ќе го забрза напредокот во дијалогот и преговорите за прашањата на Корејскиот Полуостров, посочи Си.

Си утре ја почнува дводневната посета на Северна Кореја. Тоа е прва посета на кинески претседател на Пјонгјанг во последните 14 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот