Си оди од Џенова, Пандев има две понуди

Слободен печат/Арбнора Мемети

Пандев во изминатиот период имаше репрезентативни обврски во квалификациите за ЕП 2020 во Скопје против Полска и Австрија.

Како што известуваат италијанскиот медиум, нашиот Пандев кој има богато искуство во Италија можно е наскоро да го промени клубот.

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

За Џенова од 2015 година до сега имаше учинок од 96 натпревари и 13 голови.

На крајот од договорот му истекува договорот, а се шпекулира дека има две понуди, односно интерес за неговите услуги покажуваат Верона и Бреша. И двата тима наредната сезона ќе играат во Серија А.

„Гранде Пандев“ во својата кариера настапувал за Интер, Лацио, Наполи, Специа, Анкона, Галатасарај, а првиот клуб му беше струмичката Беласица. За најдобрата селекција има 102 мечеви и 33 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот