Си нашла спонзор на Твитер: Тој ја финансира, а таа му праќа слики од стапалата!

Ејми Вилијамс (21) е студентка од Глазгов која сосема случајно си нашла спонзор. На Твитер напишала дека нема доволно пари и дека ѝ е потребен спонзор. Веднаш добила порака во која еден маж ѝ понудил пари во замена за слики од нејзините стапала.

„Мислев дека се шегува зашто на Твитер има многу лажни профили како неговиот, па му реков дека прво сакам пари. Тој ми испрати една од неговите кредитни картички и рече да купам нешто, па тоа и го направив“, раскажа Ејми.

Ејми досега потрошила повеќе од 1.000 евра за облека за себе и за своите пријатели. Нејзиниот договор со спонзорот, кој е познат како „Ричард“, стана вирален.

Корисниците на Твитер коментираа дека и тие би сакале таков спонзор и ја прашале Ејми како ѝ успеало.

„Ми ги прати своите картички со големи суми на нив и рече да ги потрошам и да ги почестам моите пријатели. Купив толку многу работи што морав да го напишам моето име на секоја нарачка за да не се збунам што е за кого. Редовно ми праќа пари само за слики од моите стапала, што е многу чудно, ама не се жалам, тоа се само стапала“, заклучила Ејми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот