Си ќе направи „сѐ што е потребно“ за да ги запре протестите, велат експертите

Претседателот на Кина, Си Џипинг/ Фото EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV/

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе направи „сѐ што е потребно за да ги запре уличните протести“, изјави кинески експерт за „Скај њуз“.

Професорот Стив Цанг, директор на кинескиот институт СОАС, рече: „Си Џинпинг ќе им нареди на партијата, владата и полицијата да направат сѐ што е потребно за да се врати редот на улиците“. Тој додаде дека не мисли дека Си „ќе попушти пред барањата на демонстрантите“ и ќе ги олабави ограничувањата за коронавирусот.

„Мислам дека Си Џинпинг ќе го реши проблемот во оваа рана фаза, така што тој не мора да испраќа тенкови врз демонстрантите како неговиот претходник во 1989 година. Но, тоа значи дека тој ќе употреби сила. Но, ако ја употреби на почетокот фаза на протестите, тоа ќе биде помалку интензивно“, рече Цанг.

Цанг вели дека начинот на кој Пекинг се однесувал со продемократските демонстранти во Хонг Конг во 2019 година покажува дека на Си „не му недостига имагинација да смисли други начини да го заплаши локалното население без да пролее капка крв“.

Полицијата во Шангај ги брише фотографиите од мобилните на граѓаните од вчерашниот протест

Нови апсења во Шангај за време на протестите против строгите анти-ковид мерки

„Револуцијата на белата хартија“: Зошто Кинезите протестираат со бели листови?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот