Си градел објект на државно земјиште: Кривична пријава за жител на Отишани

Полиција / Фото: МВР

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Отишани, кој узурпирал земјиште во државна сопственост и започнал да гради објект.

– Кривична пријава поднесена е против З.К. (61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”. Тој, на државно земјиште во селото на површина од 75 квадратни метри, неовластено и спротивно на Законот за градба, започнал да гради деловен објект, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Ова е последователна кривична пријава што ОВР Дебар ја поднесува по истата основа, кои главно се однесуваат за узурпација на земјиште во државна сопственост долж брегот на Дебарско Езеро.

Досега се поднесени над десет кривични пријави против жители на Дебар, кои узурпирале државно земјиште од 50 до над 80 квадратни метри и почнале со градба. На тој начин се стекнале со против-правна имотна корист, во износ од над 120 до 250 илјади денари.

Овој дел е еден од најубавите покрај езерото, каде во доброволни акции боровите ги засадија дебарски гимназијалци пред неколку децении.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот