Си-Ен-Ен: Трамп утре ќе објави околу 100 помилувања и намалувања на казни

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да објави околу 100 помилувања и намалувања на казни на неговиот утрешен последен ден на функцијата, соопштиле тројца извори запознаени со ова прашање, јави Си-Ен-Ен.

Трамп помилува тројца американски војници обвинети за воени злосторства во Авганистан и Ирак

Во Белата куќа вчера бил одржан состанок за да се финализира списокот со помилувања кои вклучуваат службеници, познати рапери, и засега не се очекува на списокот на биде вклучен и самиот Трамп, соопштиле два извори.

Трамп ја разгледува можноста за самопомилување

Според Си-Ен-Ен, ова е продолжение на контроверзниот декемвриски чекор на американскиот претседател кога целосно помилува повеќе од дваесетина лица – меѓу кои и поранешниот шеф на изборната кампања на Трамп Пол Манафорт, долгогодишниот соработник Роџер Стоун и Чарлс Кушнер, таткото на постариот советник и зет на Трамп, Џеред Кушнер.

Трамп го си помилува сватот кој беше осуден за лажни даночни пријави

Помилувањата е предвидено да бидат објавени пред Трамп да си замине од Белата куќа и ќе бидат мешавина од кривични случаи и помилувања на луѓе поврзани со претседателот, рекле изворите.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот