Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија произведува балистички ракети со помош на Кина

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Саудиска Арабија активно произведува сопствени балистички ракети со помош на Кина, јави Си-Ен-Ен. Сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Ријад произведува софистицирано оружје на најмалку една локација.

Американските власти во голем број агенции, вклучително и Советот за национална безбедност на Белата куќа, беа информирани во последните месеци за доверливи разузнавачки информации кои откриваат повеќекратни големи трансфери на чувствителна ракетна технологија меѓу Кина и Саудиска Арабија.

Новите сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Саудијците веќе произведуваат балистички ракети на локација што претходно била изградена со кинеска помош, тврдат експерти кои анализирале фотографии и извори кои потврдуваат напредок во согласност со најновите проценки на американските разузнавачки служби.

Сателитските фотографии направени од „Планет” помеѓу 26 октомври и 9 ноември покажуваат дека операцијата се изведува во објект во близина на Давадми во Саудиска Арабија. Ова го тврдат истражувачите од Институтот за меѓународни студии Мидлбери, кои за Си-Ен-Ен изјавија дека ова е „првиот недвосмислен доказ дека фабриката работи на производство на проектили”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот