Си-Ен-Ен: САД сака да го зајакне нуклеарниот арсенал за да може да и парира на Русија

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер за време на посетата на Стратешката команда на САД минатата недела надгледуваше воена вежба во која руските воени сили користеа тактичко нуклеарно оружје против НАТО за време на фиктивен конфликт во Европа, принудувајќи ги САД да се одмаздат со својот нуклеарен арсенал, јави Си-Ен-Ен.

– За време на ова сценарио за воената вежби, во Европа се водеше војна со Русија. Русија одлучи да користи нуклеарно оружје со краток дострел, а ние симулиравме наш одговор, изјави висок официјален претставник на Министерството за одбрана.

Иако тој ја опиша вежбата како рутинска, се работи за сценарио што го загрижува Пентагон, кој смета дека Русија може да употреби нуклеарно оружје со краток дострел за време на конфликт со НАТО, пренесува Си-Ен-Ен.

Пентагон веќе некое време сака да го модернизира и зајакне својот нуклеарен арсенал, поради што првпат во последните неколку децении воведе ново нуклеарно оружје – нуклеарна подморница со краток дострел W76-II. Овој потег некои демократи критички го опишаа како учество во нова трка во нуклеарно вооружување слична на онаа за време на Студената војна.

Министерството за одбрана ги негираше таквите тврдења, велејќи дека последните потези се само одговор на активностите на Русија, која има до 2.000 слични ракети со краток дострел или други тактички нуклеарни оружја што може да ги користи на различни начини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот