Си-Ен-Ен: Популарноста на Трамп моментално е на највисоко ниво, а тоа воопшто не зачудува

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Доналд Трамп е попопуларен од било кога, пишува Си-Ен-Ен во својата анализа.

– Еве еден неоспорлив факт – претседателот Донадл Трамп денес е популарен како и на првиот ден на своето работно место како претседател на Соединетите Американски Држави – пишува Си-Ен-Ен.

Во новата анкета на Галуп 49 отсто од Американците ги одобруваат чекорите на Трамп како претседател, додека 45 отсто од нив не се согласуваат, што е најголем процент на поддршка што на добил од сите анкети на Галуп. Од Универзитетот Монмаут објавија резултати од свои анкети, кои велат дека 46 отсто од граѓаните се потпираат на Трамп. Повторно, најдобар резултат кој го имал во анкетите во последните три години.

Што придонесе до раст за поддршката на Трамп?

Одговорот е едноставен: начинот на кој Трамп се однесува кон кризата со коронавирусот. Анкетата на Галуп покажува дека 60 отсто од Американците го поддржуваат начинот на кој Трамп „се носи“ со кризата, додека 38 отсто од нив не ја поддржуваат неговата работа во овие моменти. Шесто од десет независни кандидати во анкетата го одобруваат постапувањето на Трамп со коронавирусот, како и еден од четири (27%) демократи. Во анкетата на Монмаут 50 отсто од испитаниците рекоа дека Трамп работи одлична работа за време на кризата поради коронавирусот, додека 45 отсто од нив го сметаат спротивното.

Зголемената поддршка за Трамп за на една од најголемите глобални кризи во историјата на човештвото, особено онаа меѓу независните, дури и кај демократите, е она што го зголемува процентот на вкупната поддршка на гласачите која со години стагнира.

Од една страна, тоа не е многу изненадувачки. Анкетите доследно ја следат промената во поддршката на претседателот кога државата се соочува со големи кризи. На пример, во екот на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, поддршката за тогашниот претседател Џорџ Буш пораснала дури 80 отсто, па дури и речси 90.

Опозицијата во кризни ситуации има тенденција да го омекне ставот кон претседателот

Постои тенденција дури и опозицијата да го омекне својот став и перцепција кон претседателот додека општеството е во криза и му е потребен лидер кој од таа криза може да го извлече.

Од друга страна, скокот на Трамп во анкетите може да ги шокира луѓето кои внимателно ја следат неговата работа и работата на неговата администрација за време на пандемијата на коронавирусот. Конечно, сосема е јасно дека администрацијата недоволно сериозно ја сфатила заканата од коронавирусот и американските капацитети за тестирање на вирусот.

Просечниот Американец смета дека Трамп работи најдобро што може во борбата против вирусот

Јавниот настап на Трамп е обележан со неточни тврдења, на пример дека „тестот е совршен“ или дека „вакцината наскоро ќе дојде“, пишува Си-Ен-Ен.

Но, то што резултатите на анкетите на Галуп и Монмаут го сугерираат е дека: а) луѓето не ја следат буквално секоја реченица која Трамп ќе ја каже или б) не го сметаат за виновен за проблемите во државата.

Просечниот Американец верува дека Трамп прави се што е во негова моќ во борбата против коронавирусот, и дека тоа што го зборува на дневно ниво помалку или повеќе не е ниту важно, туку поважно е општеството и државата во целина што порано да бидат подобри. (Забелешка: Има многу малку медицински докази дека оптмизмот на Трамп се темели на научни докази).

Важно е да се има на ум при анализата, на политичкото влијание која го има оваа масивна кампања за социјално дистанцирање додека медицината се бори против вирусот. Голем број на Американци гледаат на однесувањето на Трамп не до висина од 50 или 500 метри, туку од висина од 50 илјади метри, завршуваат од Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот