Си-Ен-Ен: На аеродромот во Кабул дозволен влез само за државјани на САД и земјите од НАТО

Аеродром во Кабул, Авганистан. / Фото: Твитер

САД ќе ја сменат политиката за пристап на меѓународниот аеродром во Кабул, објави Си Ен Ен.

Според извор на телевизија, на територијата на аеродромот сега ќе им биде дозволен влез само на државјани на САД и земјите-членки на НАТО, како и лица кои поседуваат американска зелена карта. Американците и државјаните на земјите од НАТО ќе имаат право да земат блиски роднини со себе. Авганистанците кои аплицирале за специјална имигрантска виза за САД не спаѓаат во оваа категорија.

Изворот на Си-Ен-Ен наведува дека членовите на радикалното талибанско движење и помагаат на американската војска со проверка на документите на оние кои сакаат да влезат на аеродромот.

Телевизијата објави дека моментно има околу 20.000 луѓе на аеродромот во Кабул, а периодот на евакуација истекува на 31 август. По тој датум, талибанците ќе го сметаат присуството на американските сили во Авганистан како продолжување на окупацијата, изјави денеска портпаролот на политичката канцеларија на движењето во Катар, Мохамад Сохаил Шахин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот