Си-ен-ен: Иран ќе даде „конечен и болен“ одговор на израелските напади

Проектили летаат над Горна Галилеја, северен Израел, 01 октомври 2024 година/EPA-EFE

Неодамнешните напади на Израел врз Иран ќе бидат дочекани со „конечна и болна“ реакција, која најверојатно ќе биде спроведена пред претседателските избори во САД, изјавил висок извор, пренесува Си-ен-ен.

Изјавата претставува отстапување од првичните обиди на Иран да ја минимизира сериозноста на израелските напади извршени на 25 октомври, кога Израел за првпат јавно ги призна нападите врз ирански цели.

„Одговорот на Исламската Република Иран на агресијата на ционистичкиот режим ќе биде конечен и болен“, изјави извор запознаен со одлуките на Иран.

Иако изворот не прецизираше точен датум за нападот, тој рече дека „најверојатно ќе биде извршен на денот на претседателските избори во САД“.

Во својата првична реакција на нападите, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, даде повоздржан одговор, велејќи дека нападите „не треба да се преувеличуваат ниту да се минимизираат“, според Си-ен-ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот