Си Ен Ен: ЕУ и дозволила на Кина редигирање на извештајот за потеклото на новиот коронавирус

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението/Фото: Profimedia

ЕУ призна дека и дозволила на кинеската Влада да го редигира извештајот за потеклото на новиот коронавирус и неговото глобално ширење, па така, овој европски документ, по интервенцијата на кинеската страна е објавен во Кина, јави Си Ен Ен.

Како автори на текстот се потпишани амбасадорот на ЕУ во Кина Никола Шапуи и амбасадорите на 27 земји членки на ЕУ во Кина и го објавиле во „Пиплс дејли” и „Чајна дејли” по повод 45-годишнината од дипломатските односи меѓу ЕУ и Кина, соопштено е на сајтот на ЕУ.

На барање на Пекинг, од конечната верзија на текстот е исфрлен делот кој се однесува на кинеското потекло на коронавирусот и неговото ширење. Иако делегацијата на ЕУ во Кина изразила „големо жалење” поради измените во текстот, исто така признава дека отстапката на кинеската страна е направена со цел во Кина да бидат објавени „важни и приоритетни пораки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот