Си-Ен-Ен Анализа: Нападот на Крим покажува дека Украина уште може да нанесе голема штета на руската војска

Полуостровот Крим илегално е присвоен од страна на Русија во 2014 година а Украина вети дека ќе го врати. Таа соопшти дека нејзините сили во петокот извеле успешен ракетен напад на морнарскиот штаб. После нападот избувна пожар. Можеа да се видат облаци чад од зградите. Силите во саботата соопштија дека нападот бил темпиран во време кога се состанувале високи претставници на руската морнарица и дека имало десетици мртви и ранети вклучувајќи и лица од повисокото раководство.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека само еден војник исчезнал после нападот.
Во нападот е оштетена зградата на историското седиште на Црноморската флота, рекоа од Министерството за одбрана и додадоа дека пет проектили се соборени од нивниот систем за одбрана.
Овој украински ракетен напад врз штабот на руската Црноморска флота е можеби досега најдраматичниот пример на самодоверба со кој Украина напаѓа руски објекти на окупираниот Крим. Исто така, ова покажува дека критичната инфраструктура на полуостровот е ранлива, пишува Си Ен Ен во својата анализа.
Украинците за кратко време го погодија русиот воен аеродром, ја деградираа руската противвоздушна одбрана на северозапад и изведоа ракетен напад со кој ја разрушија подморницата.
Нападот предизвика сериозна штета на аеродромот, изјавија извори од украинските безбедносни служби.
Постојат многу причини поради кои Украина цели на Крим. Тоа еп олитички знак дека и покрај спориот напредок на линиите на фронтот во контраофанзивата, Украина и понатаму може да нанесе сериозна штета на руската војска. Целите како мостот на Крим имаат значајна симболична вредност, како и стратешка цел.
Тоа е дел од поширокиот напор на Крим, во Запорожје, Доњецк и Луганск, да се удри на руските логистички центри, горивото, одржувањето на командниот центар, да би се попречила нивната способност да ги снабдуваат линиите на фронтот.
Руската Црноморска флота беше вклучена во стотици напади со ракети врз Украина. Секое пореметување и целење на бродовите во морето и на пристаништето е победа, особено после руското повлекување од црноморската иницијатива за жито во јули.
Украина посвети значајни напори за деградирање на руската противвоздушна одбрана на Крим. Се чини дека тој напор сега се исплаќа бидејќи украинските ракети Нептун се способни да ги достигнат целите длабоко на Крим.
Изгледа и дека Украинците ги игнорираат критиките на некои американски функционери за нивната концентрација на Крим. Еден неименуван висок американски одбранбен службеник неодамна за Си Ен Ен рече дека тоа малку ги исфрлило Русите од рамнотежа но не е ништо одлучувачко и дека е подобро да се фокусираат на контраофанзивата.
Украинците со извесно оправдание тврдат дека целењето на било што поврзано со Црноморската флота е вредно. Црноморската флота е и понатаму моќен елемент за офанзивната способност на Русија, но секоја недела се помалку и помалку.
Црноморската флота е повеќе од нејзините поморски средства, а украинските напади на Црноморската флота веројатно ќе постигнат ефект поголем од деградацијата на руските поморски способности.
Извор Данас.рс