ВИДЕО | Кинескиот лидер Си му се подналути на Трудо: Сѐ што зборувавме, излезе во медиумите

Видеото на кое кинескиот претседател Си Џинпинг го прекорува канадскиот премиер Џастин Трудо предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

На видеото снимено на самитот на Г-20 во Индонезија, кинескиот претседател го повлекува канадскиот премиер настрана и вели дека „не е соодветно“ деталите од нивниот претходен разговор да бидат споделени со медиумите.

„Сè што зборувавме го има во медиумите, тоа не е соодветно“, му рече кинескиот претседател на канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Веруваме во слободен, отворен и искрен дијалог и така ќе продолжиме да работиме конструктивно заедно, но ќе има работи околу кои нема да се согласуваме“, му одговори Трудо на кинескиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот