Си Џинпинг ветува дека Пекинг ќе ја спречи епидемијата предизвикана од корона вирусот

Фото: Профимедиа

Во Кина потврдени се вкупно 217 пациенти инфицирани од корона вирусот, што првпат беше откриен во централниот град Вухан.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Пекинг ќе го спречи ширењето на епидемијата на воспаление на белите дробови предизвикано од корона вирусот.

– Животот и здравјето на луѓето треба да бидат приоритет и ширењето на епидемијата треба одлучно да се сузбие, изјави Си.

Во Кина потврдени се вкупно 217 пациенти инфицирани од корона вирусот, што првпат беше откриен во централниот град Вухан.

Од корона вирусот досега во Кина починаа три лица.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Корона вирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром).

Во епидемијата на САРС во 2003 година во Кина и во другите азиски земји починаа неколку стотици луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот