Си Џинпинг: Кина сака соработка со Германија и ЕУ за фер и ефикасна дистрибуција на вакцината против ковид-19

Си Џинпинг / Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да соработува со Германија за вакцините против ковид-19, со цел да се обезбеди фер и ефикасна дистрибуција на дозите ширум светот, особено во земјите во развој, објави денеска Кинеската медиумска група.

На оваа тема, Џинпинг вчера и телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, неколку дена по завршувањето на самитот на Г20.

– Европските земји се соочуваат со уште еден бран на пандемијата и треба да се обединат во борбата против коронавирусот, рече шефот на кинеската држава.

Тој и порачал на канцеларката Меркел оти Кина се надева дека Германија и Европската Унија (ЕУ) можат да останат отворени за кинеските компании и дека билатералната соработка треба да се заснова на меѓусебно почитување и корист.

– Кина ќе продолжи да го шири и отвора својот домашен пазар, што ќе доведе до нови можности за германските компании, додаде тој.

Меркел му кажал дека се надева дека Германија и Кина, како и ЕУ и Кина, ќе продолжат да го унапредуваат одржливиот и здрав развој во меѓусебните односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот