Си Џинпинг: Кина сака да стане неутрална во однос на климата пред 2060 година

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети голема кампања против климатските промени и пред Генералното собрание на Обединетите нации рече дека неговата земја сака да стане неутрална во однос на климата пред 2060 година.

-Нашата цел е да ги достигнеме максималните емисии на СО2 пред 2030 година и да постигнеме неутралност од јаглеродот пред 2060 година, рече Си.

Минатата недела Европската унија ја повика Кина, најголемиот светски загадувач со јаглерод диоксид, да си зацрта цел за климатската неутралност идеално до 2050 година, или најдоцна до 2060 година.

Досега Кина само соопшти дека нејзините емисии на штетни гасови својот врв ќе го достигнат околу 2030 година, согласно Парискиот договор за клима. Меѓутоа, многумина очекуваа Кина да ги ограничи ваквите емисии и порано, а ЕУ го повика Пекинг тоа да го стори до 2025 година.

Климатска неутралност значи дека употребата на гориво или човечка активност не влијае врз концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, а со тоа не и штети на климата.

Сите земји треба „да се стремат кон иновативен, координиран, зелен и отворен развој за сите, да ги искористат историските можности што ги нуди новиот циклус на научна и технолошка револуција и индустриска трансформација, да постигнат зелено закрепнување на светската економија во ерата по 19-тиот век”, рече Си во својот говор на Генералното собрание на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот