Си Џинпинг: Кина ќе подржи истрага за коронавирусот под покровителство на СЗО

epa08172052 Tedros Adhanom (L), Director General of the World Health Organization, shakes hands with Chinese President Xi Jinping (R) prior to their meeting at the Great Hall of the People in Beijing, China, 28 January 2020. EPA-EFE/NAOHIKO HATTA / POOL

Кина ја подржува сеопфатната ревизија на светскиот одговор на пандемијата на Ковид-19 под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО), откако вирусот ќе биде ставен под контрола, рекол денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на заседавање на Генералниот совет на СЗО.

Тој преку видео линк навел дека Кина била отворена и транспарентна за епидемијата на коронавирусот која избила во таа земја кон крајот на минатата година и додал дека неговата земја ќе поддржи објективна и непристрасна истрага, пренесува Ројтерс.

Си ветил два милијарди долари во наредните две години за борба против коронавирусот и додал дека било која вакцина против болеста која ќе биде развиена во Кина ќе биде јавно добро.

На седницата би требало да биде усвоена заедничка резолуција на Европската унија и Австралија со која се повикува на спроведување на истрага за потеклото на коронавирусот, која е подржана од 116 земји.

Прочитајте:

Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти 
за коронавирусот?

Билд објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот!

Разузнавачките агенции го вперија прстот во Кина: ЦИА тврди дека со закани 
бил вршен притисок врз СЗО

Главниот уредник на „Билд“ упати порака кон Си Џинпинг: Вашиот најголем извозен хит е коронавирусот (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот