Си Џинпинг барал од Трамп да ги намали санкциите кон Северна Кореја

Кинеското министерство за надворешни работи објави дека претседателот на Кина, Си Џинпинг, за време на состанокот во Јапонија минатиот месец со американскиот лидер Доналд Трамп, побарал тој да ги намали санкциите кон Северна Кореја.

Иако и Кина се приклучи кон строгите санкции на Обединетите нации по повторните ракетни и нуклеарни тестови на Северна Кореја, сепак од оваа земја предложиле и намалување на санкциите со што Северна Кореја би се наградила за добро однесување.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џенг Шуанг, изјави за новинарите дека Си го информирал Трамп за позицијата на Кина во врска со Северна Кореја, кога тие се сретнана маргините од самитот на Г20 во Осака.

– На состанокот со претседателот Трамп во Осака, претседателот Си го информираше за позицијата на Кина во врска со прашањето за полуостровот и побара од американската страна да покаже флексибилност и да ги намали санкциите на редено веме – изјави Шуанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот