Шврговски: Нема докази против обвинетите во случајот „Трезор”

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

 Одбраната во случајот „Трезор” смета дека нејзините клиенти не го сториле кривичното дело кој што им се става во товар и дека единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело.

Адвокатот Лупчо Шврговски, во изјави пред новинарите рече дека од самите докази коишто ги презентираше јавниот обвинител, а ги обезбеди преку меѓународна правна помош од британските авторитети, можеше да се заклучи единствено дека ниту Сашо Мијалков, ниту преостанатите обвинети не оствариле средба, ниту пак договориле каква било набавка на опрема која што е предмет на обвинението.

– Тоа впрочем произлегува од материјалниот доказ којшто јавниот обвинител го доби по меѓународна правна помош преку истражување на лицата коишто биле вклучени во проектот Гама, изјави Шврговски. 

Според Шврговски, во однос на тврдењето на јавниот обвинител дека Сашо Мијалков усно му наложил на Ѓоко Поповски, тогашен помошен министер за внатрешни работи, одговорен во секторот за финансии да ја изврши оваа набавка, односно да ја спроведе постапката по однос на ова набавка, јавниот обвинител презентирал ноторна невистина.

Воедно тој посочи дека никаде во неговиот исказ и од неговиот исказ не произлегол заклучок дека Ѓоко Поповски бил инструиран, односно дека Сашо Мијалков усно му наложил да ја отпочне постапката за набавка на оваа опрема, бидејќи набавката на опремата се реализира преку МВР, а не преку Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во делот пак на штетната последица која обивнителот ја опиша дека изнесува некаде околу 48 милиони денари, адвокатот Шврговски посочи дека јавниот обвинител не достави материјален доказ.

– Тој материјален доказ се однесува на изготвено вештачење од областа на економско финансиската наука, вештина и знаење за коешто е потребно стручно мислење и експертиза од вештак од таа област. Јавниот обвинител ги нема тие знаења и познавања и тие вештини и во никој случај сам не може да конструира штета која што им ја става на терет на обвиентите, рече Шврговски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот