Швјонтек ја потврди доминацијата, надмоќно трумфира на Ролан Гарос

Ига Швјонтек на доминантен начин дојде до вториот триумф на Ролан Гарос/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Првата тенисерка на ВТА ранг-листата, Ига Швјонтек, ја продолжи доминацијата во женскиот тенис и со 35 победа по ред дојде до титулата на Ролан Гарос. Ова е втора грен слем титула за Швјонтек, а првата исто така ја освои во Париз, пред две години.

Полската тенисерка во финалето на Ролан Гарос 2:0 во сетови и тоа 6:1,6:3 ја победи Американката Коко Гоф. Победата над Гоф беше 35 по ред за Швјонтек со што го израмни рекордот на Венус Вилијамс и доколку победи на наредниот меч ќе стане „сопственичка“ на најдолгата победничка серија во женскиот тенисер.

Швјонтек доминираше и во финалето и до титулата дојде без загубен сет. Во првиот сет, Швјонтек дури три пати го одзеде сервисот на Гоф за 6:1 во првиот сет за 35 минути.

Во вториот сет, американската тинејџерка даде поголем отпор, веднаш направи брејк кој го потврди со сигурен сервис и поведе до 0:2. Но, одговорот на Швјонтек беше освојување на пет гемови по ред за 5:2. Гоф намали на 5:3, но Полјакињата беше сигурна на свој сервис користејќи ја првата меч топка за втора грен слем титула во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот