Швјонтек фуриозна на стартот од Вимблдон за историски рекорд

Ига Швјонтек/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек продолжува да ги „тероризира“ противничките притоа испишувајќи нови страници во тениската историја откако славеше убедливо во првото коло на Вимблдон.

Швјонтек за само 75 минути со 6:0,6:3 ја совлада Јана Фет од Хрватска. Ова беше 36 победа по ред за Швјонтек, што претставува најдолга победничка серија во 21 век, надминувајќи ги сестрите Венус и Серена Вилијамс.

Серена имаше серија од 34 победи по ред, Венус една повеќе, а денеска Швјонтек ги надмина и потврди дека нема конкуренција.

Следна противничка на Швјонтек ќе биде Лесли Патина Керхове коај во првото коло беше поуспешна од Сонај Картал во три сета.

Последниот пораз Швјонтек го доживеа на 16 февруари во Дубаи од Јелена Остапенко, по што ја започна победничката серија со која победи на турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Били Џин Кинг купот, Штутгарт, Рим и Ролан Гарос.

Во останатите мечеви во женска конкуренција, Марија Сакари со 6:1,6:4  ја победи Хајвс, Јелена Остапенко беше подобра со 6:4,6:4 од Додин,  Барбора Кречикова со 7:6,6:3 ја победи Заневска, додека Белинда Бенчиќ беше непријатно изненадена губејќи со 1:2  во сетови од Ванг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот