Швјонтек без загубен сет го освои турнирот во Рим

Ига Швјонтек се закити со осмата титула во кариерата/Рим, Италија/15 мај 2022/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Одличната серија на победи Ига Швјонтек ја продолжи и на ВТА турнирот во Рим, Италија каде успеа да ја освои титулата.

Најдобрата светска тенисерка денеска во големото финале убедливо со 6:2 и 6:2 ја совлада Тунижанката Онс Жабур за нешто повеќе од еден час игра.

Полската натпреварувачка дојде до трофејот во Рим без загубен сет. Ова е нејзина осма титула во кариерата, вкупно петта од почетокот на сезоната со 33 победи и само три порази.

Швјонтек од понеделник ќе ја зголеми предноста на врвот на ВТА листата на повеќе од 2000 поени во однос на Барбора Крејчикова од Чешка.

Жабур на најновата ВТА листа ќе биде шестопласирана, што е за една позиција подобро од нејзиниот досегашен најдобар ранкинг.

Следен настап за најдобрите тенисерки во светот е грен слем турнирот „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот