Шверцот на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно

Припадник на полицијата ги надгледува мигрантите / Мигрантски камп Липа / Септември 2020 / Фото: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Како што информираат од канцеларијата на Глобалната иницијатива, извештајот овозможува детална слика за цените и рутите за дрога и мигранти по кои се шверцува низ регионот на Западен Балкан и фрла светлина врз големината на профитот кој се генерира од перењето на нелегалните пари.

Пазарот за шверц на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно. Иако оваа сума е далеку под просекот на илегалниот профит создаден за време на хуманитарната криза од 2015 година, сепак таа покажува дека се уште има одреден активен пазар за шверц на мигранти низ регионот, кој е спротивен од напорите за затворање на „Балканската рута“, стои во денеска објавениот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал насловен како „Тековни цени: анализиран протокот на луѓе, дроги и нелегални пари во земјите од Западен Балкан“.

Како што информираат од канцеларијата на Глобалната иницијатива, извештајот овозможува детална слика за цените и рутите за дрога и мигранти по кои се шверцува низ регионот на Западен Балкан и фрла светлина врз големината на профитот кој се генерира од перењето на нелегалните пари.

Анализираниот проток на луѓе, дроги и нелегални пари во земјите од Западниот Балкан овозможува детални информации за цените на рутите по кои се шверцуваат мигрантите во регионот. Се приложуваат детални мапи и анализи и се идентификуваат клучните точки на влез и излез за шверцот на мигранти низ Западен Балкан, како и локациите на центрите за трговија на дрога и пазарите за дрога. Пандемијата на Ковид-19 се чини не ги попречи значително овие нелегалните протоци на активности, стои во извештајот.

Во делот на публикацијата кој се однесува на трговијата со дрога, извештајот, како што се истакнува, нуди детални мапи на трговски рути, ја подвлекува вредноста на ланецот на трговијата со дрога преку границите, и информира за целосната продажна цена на дрогите во клучните жаришта во регионот, кои истовремено се и места каде вирее пазарот со дрога.

Наговестувачки трендови во регионот вклучуваат: зголемена култивација на канабис ( во затворени простории) во земјите освен во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, силен проток на канабис од ЗП 6 кон Бугарија, силен проток на кокаин во повеќе правци, вклучувајќи ја Хрватска, Грција и пристаништата на Црното Море во Бугарија и Романија и зголемување на цените на производство и употреба на синтетички дроги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот