Шверцери на дрога СПАСИЛЕ полицајци, па потоа биле уапсени

Полицајци завршија во море откако нивниот брод се судрил со бродот на шверцерите на дрога кои тие ги бркале. За нивна среќа, тие биле спасени од криминалците што ги бркале, пренесува Гардијан.

Во вчерашната потера блиску до брегот на Шпанија, полицискиот чамец со тројца полицајци го бркал глисерот каде имало осомничени лица за транспорт на наркотици, вели соопштението на полицијата.

Додека траела потерата, двата брода се судриле, по што полицајците паднале во морето, а бродот изгубил контрола. Шверцерите ги спасиле полицајците, но тие сепак биле уапсени, откако полиција пронајде три тони хашиш во водата блиску до бродот.

„Тие беа уапсени под обвинение за трговија со дрога“, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека се извадени повеќе од 80 пакувања хашиш од морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот