Шверцер на лекови фатен на Ќафасан, сакал да ги внесе во Македонија

Граничен премин Ќафасан/Фото: МИА

На граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, албанската полиција вчера спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец.

-Граничната полиција на преминот “Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение.

Се додава дека при детален преглед на возилото откриени биле пакувања со лекови за чиј увоз е потребна посебна дозвола.

Уапсениот се обидел да ги внесе во Албанија без да ги пријави, спротивно на важечките закони. Приведениот Ф. В.

ќе одговара за сторено кривично дело „Криумчарење лиценцирана стока“, пред Основниот суд од општа надлежност Корча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот