Швеѓанецот продолжува да испишува историја, нов светски рекорд на Дуплантис

фото: EPA-EFE/Beate Oma Dahle

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на митингот од Дијамантската лига што вечерва се одржа во Стокхолм.

Дуплантис прескокна 6,16 метри и за еден сантиметар го подобри претходниот светски рекорд што го постави во Рим 2020 година.

Швеѓанецот годинава собори уште еден светски рекорд и тоа во сала. Тој на Европското првенство што се одржа во март во Белград, прескокна 6,20 метри и постави светски рекорд во сала.

Дуплантис е главен фаворит за златниот медал на Светското првенство на отворено, кое од 15 до 24 јули ќе се одржи во Јуџин, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот