Швеѓаните се помалку користат банкноти како платежно средство

epa08371645 People queue to buy ice cream while enjoying the beautiful spring weather amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic at Norr Malarstrand street in central Stockholm, Sweden, 19 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/FREDRIK SANDBERG SWEDEN OUT

 Во Шведска веќе подолг период монетите и банкнотите не се омилено средство за плаќање, а кризата со новиот коронавирус само го зголеми трендот на безготовинско плаќање.

Според германскиот неделник „Фокус” родителите во Шведска дури и џепарлакот на своите деца не им го даваат во готовина  туку го уплаќаат на штедните книшки.

– Само 16 проценти од децата добиваат џепарлак во готовина, додека 84 отсто имаат дигитална штедна книшка, наведува „Фокус”.

Истражувањето покажува дека 75 проценти од Швеѓаните на возраст од 18 до 34  година не плаќаат со готовина.

Сите монети и банкноти што се во оптек во Шведска се само еден отсто од бруто домашниот производ, додека во САД, каде исто така се плаќа со картичи, тој процент изнесува осум, а во еврозоната – 10.

Кризата со Ковид-19 само ја зголеми одбојноста на Швеѓаните кон готовината, а најголемиот број плаќаат без контакт, преку НФЦ чип на картичките или преку мобилен телефон.

Во Германија безготовинското плаќање се зголеми од 40 на 44 отсто, додека во Шведска процентот изнесува 85.

И покрај тоа што безготовинското плаќање е побрзо, го спречува перењето на пари, затајувањето на данок, Народната банка на Шведска (Риксбанк) предупредува на опасностите.

Гувернерот Штефан Ингвес оценува дека младите лица бидејќи не користат готовина нема да знаат како изгледаат парите, а постојат и други ризици, како кибер нападите.

Тој побара од Владата да усвои закон со кој банките ќе бидат обврзани секогаш да имаат одредено количество на готовина во трезорите.

И други експерти се скептични кон безготовинското општество и укажуваат дека земјата е ранлива ако се потпира само на дигиталниот систем за плаќање. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот