Швеѓаните открија: „Аферата Ибрахимовиќ“ го тресе светскиот фудбал!
Златан Ибрахимовиќ е во голема неволја и му се заканува долготрајна суспензија, што автоматски може да значи крај на неговата голема кариера, како и астрономска казна од 100 милиони евра!
Шведските медиуми објавија дека Ибра е сопственик на акции во обложувалница што е регистрирана на Малта, што секако е строго забрането за професионалните фудбалери.
Поточно, според порталот „Sprtbladet“, компанијата „Unknown AB“, во чија еден од сопствениците е шведскиот фудбалер, има 10 проценти во управувачката структура на обложувалницата „Bethard.com“.
Доколку се покаже точна оваа информација, Ибрахимовиќ би можел да се најде „на тапет“ на УЕФА и ФИФА, што строго им забранува на играчите какво било учество, на кој било начин, во бизнисот со обложувалници.
Компанијата на Ибрахимовиќ генерира приходи од плаќања во споменатата обложувалница, што на тој начин го става во многу деликатна позиција. Извршниот директор на Бетхард, Ерик Скарп, за Спортбладет потврди дека шведскиот напаѓач е сè уште сопственик на удел во единствениот акционер на Бетхард, „Gamedai Group PLC“.
Ова е токму она што му прави сега голем проблем на Златан, бидејќи законите на УЕФА и ФИФА ги опфаќаат сите натпреварувања, од квалификациите за СП до Лигата на Европа, а тој играше со репрезентацијата и Милан. Ова во теорија значи дека тој можел да влијае врз исходот на натпреварите – што во овој случај не е доведено во прашање – но неговата улога како мал акционер во обложувалницата е строго казнива.
Шведските медиуми пишуваат дека Златан може да биде казнет со астрономски 100 милиони евра и/или да биде суспендиран од фудбалот најмногу три години, доколку се докаже дека ги прекршил правилата.
За овој случај се огласи и Шведската фудбалска федерација.
– Не разговаравме со Златан. Не размислувам за можна казна за него, но би сакал да добијам попрецизни информации од ФИФА во врска со регулативите во овој случај и како тие се толкуваат – рече генералниот секретар на Шведската фудбалска асоцијација Хакан Сјорстранд.