Шведскиот производител на камиони планира да скрати илјадници работни места

Фото: ЕПА

Шведскиот производител на камиони „Сканија„ објави дека размислува за намалување на 5.000 работни места поради намалената побарувачка за време на пандемија со коронавирусот.

-Коронакризата нè принудува да го намалиме нивото на активност, а тоа значи, според наши проценки дека имаме 5.000 вработени во светот повеќе отколку што ни се потребни- рече извршниот директор Хенрик Хенриксон.

Според него, „Сканија“ ќе спроведе анализа на 1.000 работни места со високо стручно образование, во седиштето во Содертаj, јужно од Стокхолм.

-Со оглед на проценката на бавното закрепнување на побарувачката, треба да ја прилагодиме организацијата кон новата ситуација веќе во оваа година- рече Хенриксон.

Компанијата одби да коментира за тоа како овој потег ќе влијае на работните места во други земји.

Тие тврдат дека користеле пакети за поддршка за работниците кои работеле со скратено работно време, кои беа одобрени од неколку влади и беа поддржани од синдикатите и вработените.

Претставниците на синдикатот со управата и одборот работат на изнаоѓање можности за заштеда на трошоците, но тоа не ги исклучува намалувањата на работните места.

„Сканија“ е член на групата Фолксваген, а минатата година испорача 91.700 камиони и 7.800 автобуси. Работи во повеќе од 100 земји и има околу 51.000 вработени. Нејзиното производство е стационирано во Европа, Латинска Америка и Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот