Шведскиот премиер отворено призна: Не се подготвивме доволно добро за пандемијата
Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен денеска призна дека таа земја, во која се регистрирани 870 смртни случаи од коронавирусот, адекватно не била подготвена за пандемијата и дека не направиле доволно.
Одговорот на Шведска на пандемијата од коронавирусот не бил како кај другите држави, па наместо рестриктивни мерки, кафулињата и рестораните останале отворени, а училиштата не се затворени.
Владата советуваше да се избегуваат сите патувања кои не се неопходни, но е продолжен секојдневниот живот, само постивнато.
Лофвен за шведската станица СВТ призна дека таа земја не се подготвила добро и дека требало да ги затвори рестораните кои не ги почитувале мерките за социјално дистанцирање.
Во Шведска од коронавирус починаа 870 луѓе, многу повеќе од соседната Данка – 247 и од Норвешка 113, каде рестриктивни мерки се воведени на почетокот на март.
Прочитајте и: Пресврт во Шведска: Нови мерки против коронавирусот, имаат повеќе мртви од цела Скандинавија (ФОТО)