Фото: Принтскрин / Инстаграм

Шведскиот победник на Евровизија се разведува: Сопругата го обвини за малтретирање и неверство

Монс Селмерлев, шведскиот победник на Евровизија во 2015 година, и неговата сопруга Сиара Јансон решија да се разведат по шест години брак. Британската актерка на социјалните мрежи покрај тоа што откри дека се разведуваат, упати и сериозни обвинувања против својот сопруг, пренесуваат странските медиуми.

Имено, таа во објавата на инстаграм-профилот тврди дека причина за разводот е емоционално и физичко малтретирање, прељуба и злоупотреба на дрога од негова страна. Сиара во својата објава истакна дека долго време молчела за да го заштити своето семејство, но дека повеќе не може да ја игнорира ситуацијата која ѝ се заканувала на неа и на нивните деца.

„Молчев и предолго го штитев поранешниот сопруг. За да ги прекинам шпекулациите, поднесов барање за развод во Велика Британија за да го задржам ова приватно. Кога се чинеше дека веќе не е можно, ми беше важно да ја кажам мојата вистина и конечно да застанам на своето“, ја започна својата објава Јансон.

„Моите деца беа и секогаш ќе останат мој главен приоритет и ќе направам сè што можам да ги заштитам и да бидат мајката што ја заслужуваат. Не можам да дозволам моето семејство да живее во непријатна средина и да продолжи да биде изложено на злоупотреба на дрога, емоционална и физичка злоупотреба и бескрајно неверство“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ciara Janson (@ciarajzelmerlow)


Веста за разводот беше објавена набргу откако Монс Селмерлев го освои второто место на овогодинешниот Мелодифестивален, шведскиот натпревар за Избор за песна на Евровизија. Според пишувањата на медиумите, барањето за развод го поднел самиот Селмерлев, додека парот добиле законски рок од шест месеци да ја разгледаат одлуката поради нивните заеднички деца.

Јансон ги повика сите во слични околности да бараат помош и поддршка и да се борат за сопствената среќа. Таа, исто така, изрази желба Селмерлев да ја најде потребната помош за да се соочи со предизвиците.

„Ги охрабрувам сите во слична ситуација да побараат помош и поддршка и да најдат сила да ја вратат контролата над својот живот. Секој заслужува среќа и слобода. Му посакувам сè најдобро на Монс во неговите идни напори и да ја побара помошта што му е очајно потребна. Како што се затвора ова поглавје, не му посакувам ништо друго освен пат кон подобра иднина“, заклучи таа.

Иако Селмерлев сè уште јавно не ги коментирал наводите, тој ангажирал адвокат да се занимава со правните аспекти на случајот. Парот има две деца, а разводот ќе биде официјално потврден дури откако ќе помине законскиот рок за разгледување на одлуката. За потсетување, Монс и Сиара се венчаа во септември 2019 година на островот Вис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот