Шведски епидемилог за втор бран на коронавирусот: Луѓето кои се заштитени, ќе се разболат кога ќе излезат од карантин

epa08371645 People queue to buy ice cream while enjoying the beautiful spring weather amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic at Norr Malarstrand street in central Stockholm, Sweden, 19 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/FREDRIK SANDBERG SWEDEN OUT

Во Шведска ситуацијата со епидемијата сега е таква што бројот на заболени не паѓа, ниту расте, а властите чекаат трендот сега да се сврти и броевите да почнат да се намалуваат.

– Луѓето кои се заштитени од коронавирусот благодарејќи на карантинот ќе се разболат кога сите забрани ќе бидат укинати и тогаш сите држави ќе добијат своја стапка на смртност – изјави еден од главните советници на шведската влада, истакнатиот епидемиолог Јохан Гјесецке.

Тој истакнал дека заради таканаречениот шведски модел пред месец дена го прогласувале за луд и го обвинувале дека шведската политика ги убива постарите, но сега се повеќе луѓе се заинтересирани за тој пристап.

= Ниту во Шведска животот не функционира сосема нормално, но тоа не е заради наредбите. Им објаснивме на луѓето каква е тоа болест и како требаат да се заштитат и тие тоа го почитуваат. Луѓето не се глупави, ако им кажете што е добро за нив и ако тоа им го објасните, тие ќе ве послушаат, вели Гјесецке.

Тој и понатаму смета дека стравот од коронавирусот е претеран, бидејќи многу малку луѓе тешко се разболуваат, а повеќето имаат благи симптоми или воопшто немаат.

Гјесецке очекува благодарејќи на тој пристап, во Шведска до еден поголем дел од жителите да стекнат имунитет и веќе да нема раст на бројот на заболени.

– Очекуваме дека вирусот ќе биде присутен за време на летото, но на есен нема да имаме втор бран, бидејќи до септември ќе имаме колективен имунитет, рече Гјесецке.

Иако многу го гледаат шведскиот модел како потполно нечуствителен и неетички, бидејќи на некој начин го жртвуваат најчуствителниот дел од популацијата – старите, немоќните и болните, Гјесецки не се согласува со тоа.

– Луѓето ќе умираат и во другите земји, но поголем проблем е што ниту една земја не се подготви добро да ги заштити старите и секаде инфекцијата се рашири во домовите за стари лица, рекол тој.

Шведскиот експерт вели дека при евентуален втор бран никој не би требал да прогласува карантин.

– Погрижете се да ги заштитите старите и болните, а младите не треба да ги штитите, пуштете ги да ја шират болеста. Сите ќе ја добијат својата стапка на смртност кога ќе почнат со отворање. Луѓето кои не умреле сега, ќе умрат кога ќе ги пуштите од карантин, вели Гјесецке.

Тој смета дека епидемијата ќе биде готова до Божиќ и дека вакцината, кога ќе се појави, ќе биде непотребна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот