Шведски десерт – семла: Полнети колачи со уникатна структура и вкус

семла
Семла / Фото: Unsplash

Не мора да патувате далеку за да го пробате овој традиционален шведски десерт. Семла колачите лесно се подготвуваат и дома. Ова нараснато печиво обично се полни со мешавина од сечкани бадеми и шлаг, но Швеѓаните го сакаат и во комбинација со чоколадо, бобинки – и задолжително кардамон, зачин кој им дава карактеристична арома.

Овие колачи имаат вкус на лепчиња, но имаат уникатна структура и вкус. Според старата традиција се јаде со топло млеко, а пецивата се вкусни и следниот ден доколку се чуваат во добро затворен сад. Иако во нив се ужива во текот на целата година, тие се најпопуларни за време на Семелдаген, односно чист вторник.

Состојки:

– 25 г свеж квасец
– 125 мл млеко
– 1 лажичка мелено семе од кардамон
– 325 г просеано брашно
– 1 јајце
– 50 г шеќер
– 1/2 лажица прашок за пециво
– 1/2 лажичка сол
– 100 г путер

За премачкување:
– 1 јајце
– 1 лажица вода

Фил:
– 100 г мелени бадеми (тостирани)
– 100 г шеќер
– 3 супени лажици вода
– 1/2 лажичка семе од кардамон
– 1 лажичка екстракт од ванила

За кремот од ванила:
– 200 гр шлаг
– 1 лажица шеќер во прав
– 1 лажичка екстракт од ванила

семла
Семла / Фото: Unsplash

Подготовка:

Тестото може да го замесите во миксер со додаток за тесто или со рака. Квасецот издробете го и измешајте со малку топло млеко. Додадете го кардамонот во квасецот. Во сад додадете ги брашното, изматените јајца, шеќерот, прашокот за пециво и солта. Додадете го квасецот и мешајте околу 5 минути или додека тестото не формира топка. Путерот се сече на парчиња и се додава дел по дел додека се меша околу 10-15 минути или додека тестото не престане да се лепи за ѕидовите на садот и ќе стане меко и еластично. Оставете го тестото во садот да отстои околу 10 минути. Тестото поделете го на 9 парчиња (по околу 70 до 80 г) и обликувајте ги во топчиња. Ставете ги во плех покриен со хартија за печење со доволно простор меѓу нив. Покријте со чиста кујнска крпа и оставете да нарасне околу час и половина. Загрејте ја рерната на 220 степени. Топчињата премачкајте ги со изматено јајце со лажичка вода и печете 10 минути. Оставете ги да се изладат. Во меѓувреме направете го филот. Измелете ги бадемите и шеќерот во блендер и додајте вода колку да добиете густа паста. Додадете кардамон во смесата со бадеми заедно со екстрактот од ванила. Изладените печива исечкајте ги со мал нож. Горниот дел исечете го на триаголници, а долниот дел издлабете го со лажица. Во пастата од бадеми додадете трошки од печиво и малку топол шлаг за да добиете помека паста, измешајте ја и намачкајте ја во печивата. Филот треба да биде кремаст и густ, како на пример филот од афион. За кремот од ванила измешајте го кремот со шеќер во прав и екстракт од ванила и покријте ги печивата. Над кремот ставете капаци и посипете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот