Шведската владата со над 300 милијарди круни ќе ја помага домашната економија

Фото архива

Шведската авиокомпанија САС, што делумно е во државна сопственост, вчера соопшти дека привремено ќе отпушти 90 отсто од вработените.

Владата на Шведска денеска претстави пакет мерки во висина од 300 милијарди шведски круни (30,94 милијарди долари) за поддршка на економијата поради пандемијата со новиот коронавирус.

Пакетот мерки предвидува и Владата во целост да ги преземе трошоците на компаниите за боледувањата во април и во мај, како и голем дел од расходите за отпремнина поради привременото отпуштање на вработените поради кризата.

Шведската авиокомпанија САС, што делумно е во државна сопственост, вчера соопшти дека привремено ќе отпушти 90 отсто од вработените.

Најголем издаток за државната каса ќе произлезе од одлуката на компаниите да им се овозможи плажање на даноците и ДДВ до една година и тоа ретроактивно од почетокот на 2020 година. според шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, тоа на краток рок може да ја чини државата и до 300 милијарди круни.

Шведска претходно најави дека ќе ги помогне локалните власти со дополнителни средства со цел да им помогне во борбата против епидемијата со Ковид-19, додека Централната банка обезбеди 500 милијарди шведски круни за заеми за компаниите преку банкарскиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот