Шведската амбасада во Сараево го посочи Скопје како пример за превенирање на аерозагадувањето

Шведската амбасада посочува и линк од мерките на Македонската влада.

Шведската амбасада во Сараево ги посочува мерките на македонската влада како пример, како треба да се постапи во намалувањето на аерозагадувањето.

-Како Скопје успеа да го подобри квалитетот на воздухот? Последниве години граѓаните почнаа да ги поттикнуваат политичарите да воведуваат мерки за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа се случи! Владата на Северна Македонија подготви двегодишна програма, со цел намалување на загадувањето на воздухот до крајот на 2020 година во Скопје за 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто. Заменети се мониторинг станиците, зголемен е бројот на вработените во инспекторатот за животна средина, намален е Данокот на додадена вредност (ДДВ) за греење, приклучени се домаќинстава на загревање со гас, забранета е продажба на јаглен за греење, исчистени се депонии, воведени се построги контроли во градежништвото и направена е промена во јавниот превоз. Може ли ова да биде решение и за Сараево, Тузла и другите градови во БиХ?- пишуваат од Амбасадата

Шведската амбасада посочува и линк од мерките на Македонската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот