Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г

 Шведска им забрани на кинеските телекомуникациски компании „Хуавеј” и ЗТЕ да учествуваат во изградбата на 5Г- мрежа на нејзина територија од безбедносни причини.

Забраната е во согласност со новото законодавство што стапи на сила во јануари 2020 година, чија цел е да се осигура дека употребата на радио опрема од овие структури не ја загрозува безбедноста на земјата, соопшти денеска шведскиот регулаторен орган.

Компанијата „Хуавеј”, која е втор по големина производител на мобилни телефони во светот и лидер на пазарот во 5Г опрема, како и ЗТЕ ќе имаат рок до 1 јануари 2025 година да ги исфрлат сите постојни инсталации.

САД тврдат дека кинеските компании се користат за да шпионираат за Пекинг, обвинувања што Кина ги негира. Вашингтон врши притисок врз своите сојузници да го исклучат „Хуавеј” од својата интернет-инфраструктура.

Во јули, Велика Британија забрани провајдери на мобилни телефони да користат опрема произведена од „Хуавеј” во нивните нови 5Г мрежи и им дадоа рок на компаниите во земјата до 2027 година да ја отстранат опремата од кинескиот производител.

Франција исто така воведе сериозни ограничувања против употребата на опремата од „Хуавеј”.

Забраната беше објавена откако регулаторот соопшти дека одобрил четири понуди за шведската мрежа 5Г, закажани за 10 ноември, а сите четири компании се шведски.

(Извор: МИА)

Прочитајте и...  Канада забрани извоз на поединечни лекови

Поврзани вести

МОН најавува нови учебници и дидактички материјали, родителите збунети за својата улога

Михаило Донев

ВО ЖИВО: Изјава на министерот за правда Бојан Маричиќ

Слободен печат

Премиерката Старџон најавува: Идната есен нов референдум за независност на Шкотска

Слободен печат

Шеесет годишен пациент со ковид-19 скокнал од третиот кат на болницата во Тирана

Слободен печат

480 лицазаболени од Ковид-19 се лекуваат во Скопје, 816 во болниците низ Македонија

„Епл“ во Италија е казнет со 10 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian