Шведска: Татко призна дека ги нападнал своите деца со нож

Шведска
Шведска полиција / Фото: EPA-EFE/Jonas Ekstromer

Откако во неделата вечерта беа пронајдени две тешко повредени деца во Хаселби во близина на Стокхолм, таткото денеска призна дека ги нападнал.

Мажот признал дека ги повредил своите деца со нож, изјави неговиот адвокат на денешниот состанокот со судијата, јави шведската телевизија СВТ.

Тој исто така рече дека ги фрлил двете деца на земја од голема височина. Едно од децата почина во понеделникот, а другото има повреди опасни по живот.

Децата, и двете помали од 10 години, ги пронашле случајни минувачи пред зграда. Некои медиуми јавија дека тие паднале од балкон.

Таткото и една жена се уапсени под сомнение за убиство и обид за убиство. Жената била ослободена во понеделникот вечерта.

Судот во градот Солна нареди на човекот да му биде одреден притвор до 15 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот