Шведска се закани дека ќе ги затвори кафулињата и рестораните што не ги почитуваат мерките

epa08357022 People sit outside in the sun trying to keep social distance after calls from the authorities on Easter weekend in central Stockholm, Sweden, 11 April 2020, during spring weather. Countries around the world are taking measures to contain the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/Anders Wiklund SWEDEN OUT

Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.

Луѓе во кафуле уживаат во убавото време / Стокхолм, Шведска / 22 април 2020 / Фото:  EPA-EFE/ANDERS WIKLUND

– Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место, изјави министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг.

Стокхолм, Шведска / 22 април 2020 / Фото:  EPA-EFE/ANDERS WIKLUND

Владата апелираше до 290 локални самоуправи да известуваат за тоа како кафулињата и рестораните ги применуваат препораките од Агенцијата за јавно здравје.

 Стокхолм, Шведска / 23 април 2020 / Фото:  EPA-EFE/ANDERS WIKLUND

–  Овие упатства мора да се почитуваат, во спротивно локалите ќе бидат затворени, истакна Дамберг.

Луѓе чекаат за кафе и сладолед / Стокхолм, Шведска 20 април 2020 / Фото:EPA-EFE/FREDRIK SANDBERG

Шведска се одлучи за релативно либерална политика во борба со пандемијата на Ковид-19, па наместо рестриктивни мерки, одлучи кафулињата и рестораните да останат отворени, како и училиштата.

Видео на денот