ШВЕДСКА СЕ ОТКАЖА: На Асанж нема да му се суди за силување

Фото: EPA/STRINGER

Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж
Стокхолм, 19 ноември 2019 (МИА) – Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж, кој во 2010 година беше пријавен за силување. Го пријави една жена која тврдела дека ја силувал во текот на посетата на Шведска истата година, јави Би-Би-Си.

Асанж во моментов е во Велика Британија каде ја отслужува затворската казна од 50 недели, бидејќи ги прекршил условите за гаранции, со своето бегство во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска за пријавеното силување.

Во Амбасадата Асанж мина седум години, а беше уапсен на 11 април годинава.

Шведскиот суд претходно веќе го одби барањето за притвор во негово отсуство, што значеше дека не може да биде екстрадиран во нивната земја, а сега се откажа и од истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот