Шведска призна дека згреши во борбата со Ковид-19: Требаше да воведеме рестриктивни мерки!

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведска има највисока стапка на морталитет по глава на жител од Ковид-19 во светот.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е застапник на стратегијата да не се затвори земјата поради пандемијата на новиот коронавирус, денеска призна дека требало да бидат воведени рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Луѓе на прошетка во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Тегнел изминатите месеци го бранеше својот пристап како одржлив, истовремено критикувајќи ги другите земји поради нивните престроги рестриктивни мерки.

Главниот епидемиолог во интервју за Шведското радио се согласи со водителот дека премногу луѓе починале во земјата.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

– Сега кога би се соочиле со истата болест, со она што денес го знаеме, мислам дека би биле меѓу она што го направи Шведска и она што го спроведе остатокот од светот – нагласи Тегнел.

Тегнел на почетокот од епидемијата препорача да се користат доброволни мерки против ширење на вирусот, за разлика од другите земји кои воведоа задолжителни мерки и карантин.

Луѓе седат на пијачка во паб во Стокхолм, фотографија од 23 март годинава / Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

Во Шведска, повеќето училишта, ресторани, кафулиња и деловни објекти останаа отворени, дури и додека поголемиот дел од Европа беше затворена. На средината на април група експерти испратија писмо како реакција на ваквата одлука, со апел „радикално да се промени шведскиот пристап“.

Луѓе купуваат храна од кантина во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведска има највисока стапка на морталитет по глава на жител од Ковид-19 во светот. Во таа држава починаа над 4.400 луѓе, додека во соседните Норвешка, Данска и Финска има по околу 600 смртни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Шведска е далеку од колективен имунитет!

Бројот на жртви од Ковид-19 во Шведска надмина 4.000, епидемиолозите тврдат дека 
бројат на друг начин
ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Шведска со највисока стапка на смртност од 1993 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот