Шведска помош за развој на институциите во земјите од Западен Балкан и Турција

Стокхолм. Шведска/ Фото: Архива на Слободен печат

Шведската влада денеска донесе одлука за нова седумгодишна стратегија, вредна 560 милиони евра, за поддршка на реформите во земјите од Западен Балкан и Турција.

Од 560 милиони евра од фондот за стратегија за периодот 2021-2027 година, 500 милиони се наменети за Западен Балкан, а 60 милиони за Турција, соопшти шведската амбасада во Белград.

Соработката со Западен Балкан вклучува Србија, Црна Гора, БиХ, Северна Македонија, Албанија и Косово.

Континуираната соработка со земјите од регионот ќе ги зајакне условите за демократски и инклузивен развој, се вели во соопштението, и се додава дека новата стратегија на Шведска ќе ги интензивира напорите во областа на човековите права, демократијата, владеењето на правото, родовата еднаквост, инклузивниот економски развој, заштита на животната средина и климатски промени.

Шведската поддршка ќе биде фокусирана на зајакнување на мирољубивите и инклузивни општества и на „градење обемни и долгорочни односи“ меѓу Шведска и земјите од регионот, се вели во соопштението.

“Развојот во соседството на Европската унија е важен за Шведска и ЕУ. Во интерес на Шведска е да продолжи да работи со земјите од Западен Балкан за да придонесе за демократски развој, со фокус на човековите права, родовата еднаквост и владеењето на правото, “рече шведскиот министер за меѓународна развојна соработка Пер Олсон Фрид.

Шведска е еден од најголемите билатерални донатори на Западен Балкан. Според стратегијата, Шведска ќе продолжи да придонесува за поддршка на Европската унија за реформската агенда на Западен Балкан и нивно приближување со Унијата, се вели во соопштението.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот