Шведска одби заедничка истрага со Данска и Германија за „Северен поток“

Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите „Северен поток“ 1 и 2, пишува неделникот „Шпигел”, повикувајќи се на германски безбедносни извори.

Шпигел, исто така, пишува дека Шведска одлучила дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека германската федерална полиција „го завршила својот дел од истрагата за наводниот чин на саботажа на гасоводите „Северен поток” и ги доставила своите наоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот